agroeli

Компанијата АГРО ЕЛИ постои 10 години и се занимава со производство на макробиотска храна чие редовно конзумирање помага во водењето здрав живот. Богатиот асортиман, кој се состои од над 50 производи, и е поделен во две бренд линии, ЕЛИ и Е-ВИТА опфаќа: разни видови интегрални грицки, колачи од смоква, бисквит и бадем, тестенини, разни видови џемови, домашно подготвени ајвар, лутеница и пинџур, повеќе врсти намази, тофу сирење, јогурт од соја, сеитан итн.

Мотото на компанијата е дека здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност. Најголем дел од храната се произведува рачно и без употреба на адитиви, додатоци и шеќер. Во процесот на производство се користат исклучиво природни засладувачи како малтекс, потоа интегрално брашно, 100% природни сокови, пченкарно масло, соја, интегрален сусам. Производите се наменети и за возрасните и за децата, но исто така се препорачливи за конзумација од страна на болни лица и лица со посебни потреби и барања во исхраната.

Здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност. Со употреба на овие производи во секојдневната исхрана го снабдваме нашиот организам со сите потребни градбени, енергетски и заштитни елементи и не го оптоваруваме со штетното делување на многубројните нус-појави од индустрискиот начин на производтво на храна.

Седиштето и производствениот капацитет на АГРО ЕЛИ се наоѓаат во Велес, Р. Македонија. Компанијата исто така има и сопствена продажна мрежа во повеќе градови низ државата. Дел од производството е наменето за извоз, пред сè во земјите од регионот.

мисија

Мисија: Нашата главна мисија е да создаваме среќни и задоволни потрошувачи. Наједноставен начин да се постигне тоа е со искреност и квалитет. АГРО ЕЛИ произведува здрава храна по принципите на макробиотичката филозофија за здрав, долг и среќен живот.

визија

Визија: Здравата храна произведена по домашни рецепти да стане дел од секој дом. Едукација и развивање навика кај граѓаните да се хранат здраво и квалитетно. Промоција и поголем пробив на странските пазари, како и постојано зголемување на асортиманот на производи.

мисија и визија

опфаќа производство и дистрибуција на храната во согласност со современите стандарди

доставување на безбеден и квалитетен производ до крајниот потрошувач

фер и коректен однос кон соработниците во земјата и во странство;

почитување на потребите и барањата на вработените и нивна едукација и стручно усовршување;

заштита на животната средина, општествена одговорност, почитување на законската регулатива.