agroeli

Посни макарони со спанаќ

Обарете го спанаќот, исецкајте го на ситни делови. Ситно исецканиот кромид, морков и целер испржете ги на масло или варете ги во вода додека не омекнат. Додадете ги спанаќот, солта, биберот и оставете го зеленчукот да крчка. Сварете ги макароните според упатството на пакувањето. Откако ќе ги исцедите измешајте ги со зеленчукот. Доколку имате калапи, можете од сместа да направите интересни форми на цвет или нешто слично.

Добар апетит!!

Потребни состојки

  • Макарони со спанаќ E-Vita ½ килограм
  • спанаќ 1 kg
  • кромид 1 главица
  • морков 1
  • целер 1
  • масло за јадење ½ чаша
  • сол и бибер по вкус