agroeli

Колачи со џем од сливи

Изматете го квасецот во пола шолја топло млеко со лажица шеќер и брашно. Поколопете ја шолјата и оставете ја на топло. Измешајте ги брашното, солта и шеќерот, додадете го подготвениот квасец, растпениот путер едно јајце и изрендајте малку кора од лимон. Со млако млеко замесете средно меко тесто, покријте го и оставете го 30 минути. Потоа од тестото направете правоаголна кора дебела 1 сантиметар и премачкајте ја со џем. Замотајте ја во форма на ролат и исечете ја на парчиња долги околу 4 сантиметри. Наредете ги едно до друго на тепсија намачкана со масло и оставете ги да постојат уште 20-ина минути, додека се загрее рерната. Печете ги на температура од 200 степени околу 30 минути. Кога ќе бидат готови, посипете шеќер во прав и послужете ги врели со шолја кафе или чај.

Добар апетит!!

Потребни состојки

  • брашно 600g
  • свеж квасец 25g
  • сол 1 лажица
  • 100 грама шеќер 100g
  • путер 100g
  • јајце 1
  • млек 2.5dl
  • рендана кора од лимон по вкус
  • „Агро Ели“ џем од сливи 1