agroeli

пиво, џем и ореви

Направете смеса од брашното, пивото, маслото за јадење и пецивото и замесете ја. Додадете ја и ренданта кора од лимон. Од смесата направете форми за кифлички, премачкајте ги со џемот и замотајте ги. Печете на температура од 220 степени додека не поруменат. Од водата и шеќерот направете шербет и со него полијте ги кифличките. На крај посипете ги со мелени ореви.

Добар апетит!!

Потребни состојки

  • „Агро Ели“ џем од праска 1
  • мелени ореви 200g
  • шеќер 350g
  • пиво 1 шољи
  • брашно 6 шолји
  • масло за јадење 3 шолји
  • вода ½l
  • пециво 1
  • кора од лимон 1