agroeli

Mакарони со печурки и кобасички

Во голема тава пропржете го кромид во маслиново масло. Потоа додадете ги ситно исецканите кобасички. Кога колбасот ќе добие темна боја, додадете го и белото вино и се остава да испари. Во друга тава ставете ги печурките и испржете ги во маслиново масло. Потоа истурете ги во смесата со кобасичките, а додадете ги и доматите, солта и биберот. Сето тоа гответе го околу половина час. Во меѓувреме сварете ги макароните, според упатството на пакувањето. Исцедете ги и ставете ги во садот со смесата о печурки и кобасички. Измешајте добро и послужете.

Добар апетит!!

Потребни состојки

  • „Агро Ели“ макарони 500g
  • кромид 1 ситно сецкан
  • печурки по избор 500g
  • суво бело вини ½ чаша
  • маслиново масло ½ чаша
  • тенки кобасички 350g
  • излупени домати ½kg
  • сол и црн бибер по вкус